Утрински Весник
Македонија

Утврдени локациите каде ќе се истакнуваат изборни плакати во Делчево

Утврдени локациите каде ќе се истакнуваат изборни плакати во Делчево
Dik 300x250 mk

Делчево, 26 јуни 2020 (МИА) – Политичките партии кои учествуваат во Парламентарните избори 2020 година, денеска во Делчево се согласија на почитување на утврдените места за истакнување за изборни плакати без надомест.
На учесниците во изборите, како што информираше Џулиета Мемедова од ЕЛС Делчево им се определени соодветни локации согласно со претходно донесена одлука од Советот на Општина Делчево.
-На состанокот, покрај претставници од Општина Делчево и МВР Делчево,  присуствуваа претставници од Коалиција „Можеме“, ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, додека претставниците на политичките партии ИНТЕГРА и ПП „Глас за Македонија“, иако најавија учество, не присуствуваа на состанокот, истакна Мемедова.
Општина Делчево во текот на утрешниот ден, како што додаде, ќе изврши обележување на просторот определен за рекламен материјал на политичките партии.
-Согласно со одлуката на подрачјето на општина Делчево, определени се неколку локации за истакнување изборни плакати и тоа пред седиштето на политичките партии, на потпорните ѕидови кај СОУ „М.М.Брицо“, на булевар „Македонија“, М5 под царински терминал и улицата „Пере Тошев“, додаде Мемедова.
Во останатите населени места, како што додадоа надлежните, изборните плакати можат да се истакнуваат на објекти сопственост на Општина Делчево, но и на други станбени и приватни објекти со претходна добиена согласност од сопственикот на објектот. Од Општина Делчево апелираат до политичките партии за фер и демократски избори и почитување на кодексот за фер избори. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!