Утрински Весник
Македонија

Јанушев на средби со граѓаните и младите во Штип

Јанушев на средби со граѓаните и младите во Штип
Dik 300x250 mk

Штип, 26 јуни 2020 (МИА) – Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и тројцата кандидати за пратеници од Штип, Никола Мицевски, Иван Јорданов и Весна Ничева денеска го посетија Градскиот пазар во Штип, а имаа и средба со младите во паркот „Макфест“. Јанушев истакна дека од средбите со граѓаните во Штип може да заклучи дека ја добиваат поддршката за претстојните предвремени Парламентарни избори 2020.

-Луѓето се едноставно уморни од сите сивила, од сите мочуришта, во коишто не внесоа СДСМ и Зоран Заев. Она што исто така можев да го видам од разговорот на луѓето е дека ги препознаваат проектите и понудата, коишто ги имаме дадено кон нив. Имавме пред се интересни разговори околу земјоделието, едноставно граѓаните се желни за промени, бидејќи знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ државата може да оди напред, вели Јанушев.

Тој истакна дека она што го ветиле на земјоделците е најмалку, континуирани 100 милиони евра субвенции, како и други проекти, кои ќе овозможат подобро искористување на ИПАРД фондовите, како и помош при маркетингот за продажба на нивните производи.

-Она што е најбитно и она што е најкруциално за сите земјоделци е впрочем навремената исплата на субвенциите. Тоа ние како ВМРО-ДПМНЕ го ветуваме и за нас ќе биде завет, аманет за да можеме да го направени во следните четири години, вели Јанушев.

Забележа дека важни проекти кои треба да се завршат се и експресните патишта кои го поврзуваат Штип со Кочани и  Радовиш.

-Три и повеќе години буквално ништо не направија, а знаете дека е таква ситуацијата и со Клиничката болница, вели Јанушев.

Остануваат на тоа дека и во наредниот период ќе бидат со граѓаните, а какошто вели ќе работат за доброто на сите. вдј/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје