Утрински Весник
Македонија

Поригорозно спроведување на мерките ќе даде резултат, смета Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче (ВО ЖИВО)

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Поригорозно спроведување на мерките ќе даде резултат. Многу настани се случија во изминатиот период по што не се спроведе ниту контрола, ниту санкции и од тука произлегоа нови заразени. Секојдневно сме сведоци дека се организираат настани кои сега се забранети. Сметам дека мора да биде контролата поригорозна, порача на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој потенцира дека мерката со државен карантин е навистина добра и ќе прати сигнал до сите кои не ги почитуваат мерките оти навистина треба да се придржуваат до нив, затоа што немаме друг механизам во борба против вирусот.

– Прво е сериозен дел оставен на свеста на граѓаните и да им честитаме на оние кои се придржуваат до овие мерки. До сите кои не се придржуваат ништо добро не прават, прават лошо за себеси, за најблиските, се изложуваат на ризик, го загрозуваат здравствениот систем и строго на терен треба да работат службите кои ова треба да го детектираат и да го санкционираат, рече Филипче.

Тој информира дека во неколку наврати имало состаноци со претставници на МВР на кои се укажало на предизивиците и на проблемите со кои се соочуваат сите институции и од здравствениот систем, и верувам, истакна, дека сето тоа е сериозен сигнал секаде каде што може и треба поинтензивно да се работи.

– Сметам дека со таква интензивна работа на терен ќе се пушти сериозен сигнал до граѓаните и тие ќе сфатат дека овие мерки мора да се почитуваат, нагласи минситерот Филипче. цр/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините