Утрински Весник
Македонија

Скопјанец осомничен за недозволено поседување пиштол

Лани 477 лица умреле од насилна смрт

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен за недозволено поседување пиштол.

Осомничениот, на 2 јуни годинава пред зграда на улица „Струмичка“, неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Глок“ со калибар 9 мм.

– На критичниот ден тој се движел со моторцикл без регистарски таблици, а на себе носел панцир. Во еден момент го пресретнале непознати лица, кои кон него испукале повеќе проектили, нанесувајќи му повреда во левата потколеница. Осомничениот возвратил со шест куршуми, по што се скрил во влез од зграда, а пиштолот се обидел да го скрие во сандаче на ЕВН, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да се обиде да ги скорие трагите или да го повтори кривичното дело.​

Лицето е осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија до оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот