Утрински Весник
Македонија

Викендов нестабилно, со дожд, грмежи и засилен ветер

Анкета: Над 80 отсто од луѓето би раскинале ако партнерот не им го сака кучето

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – УХМР за викендов најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопшти, утре претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални девет степени во Маврово до максимални 32 во Гевгелија.

И во следните денови ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела температурата ќе биде од 10 до 30 степени. Слични вредности се прогнозираат и за периодот од понеделник до четврток. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити

Марихуана и амфетамин пронајдени во дом на скопјанец