Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кон крајот на јуни во Гостивар ќе се прска против комарци

Кон крајот на јуни во Гостивар ќе се прска против комарци
300x250 opst2

Гостивар, 16 јуни 2020 (МИА) – Мерките за заштита од комарци и глодари на територијата на Општина Гостивар ќе се спроведат кон крајот на овој месец. Првиот човек на општината ја потврди информацијата за МИА и нагласи дека постапката е завршена, а потпишан е договор вреден близу 12 илјади евра.

Градоначалникот Арбен Таравари уверува дека активностите ќе се спроведат во период кога тоа е вообичаено како и во изминатите години.

– Комплетно ја спроведуваме таа набавка и очекуваме да се реализра договорот што го потпишавме. Вообичаено овие активности за дератизација и дезинсекција сме ги спроведувале во последната недела од јуни. Уверен сум дека така ќе биде и оваа година, рече Таравари

Договорот со Друштвото за производство, трговија, и услуги „Плант Медика Дооел“ од Куманово е потпишан на 12 мај годинава.

Со него се опфатени услугите за дезинсекција за кои општината треба да плати околу 340 илјади денари и дератизација на канализационите системи и општински објекти и воспоставување на заштни зони околу водоснабдителните системи која е со приближно иста вредност.

Првата дезинсекција за уништување на возрасните комарци и останати штетници е предвидена да започне во петок 19 јуни навечер, после 24:00 часот. Со неа ќе бидат опфатени градскиот парк и бреговите на Вардар од болницата па до Здуњска раскрсница, коритото на Вардар во атарот на село Равен, каналите за наводување кои минуваат низ градските населби: Шеста зона, Малеарди, Фазанерија и селата Бањица, Чајле и село Форино.

За дезинсекцијата ќе се употреби средството Aurodil, кое може да им наштети на пчелите, па затоа пчеларите треба преземат мерки за заштита и да ги заштитат пчелните семејства.згм/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фазлиу: ДУИ претворена во приватна компанија во служба на српските интереси

Оставија полна торба со пари и телевизор: Левица ја стартуваше кампањата пред АВМУ!

Меџити: Ова е почеток на мисија за ослободување од стариот корумпиран систем на една партија која ги држеше Албанците во страв и неизвесност