Утрински Весник
Спорт

Погба на клупа за дербито со Тотенхем

Нов пех за Погба, одложено враќањето на терен

Манчестер, 15 јуни 2020 (МИА) – Оле Гунар Солскјер планира да го остави Пол Погба на клупата барем на почетокот на мечот со Тотенхем во петок, според гласините околу тимот.

Очекувањата беа дека Французинот ќе формира тандем со новиот додаток Бруно Фернандеш, откако двајцата одиграа многу добро во контролната против Вест Бромвич неодамна.

Поради повеќе повреди на глуждот, Погба има само два настапи од септември и сега се претпоставува дека Солскјер нема да брза да го враќа во почетниот состав.

Навивачите се надеваа дека двајцата ќе играат заедно веднаш, но Солскјер претпочиташе да започне со оние кои добро напредуваа пред паузата, имено Фред, Скот Мектомини и Немања Матиќ.

Фернандеш има 3 гола и три асистенции од влегувањето во тимот во февруари, а Погба дефинитивно би можел да биде џокер во потрагата на „црвените ѓаволи“ да стигнат до место кое ги носи во ЛШ.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари