Утрински Весник
Македонија

Полицаец во затворот во Шутка е позитивен на КОВИД-19

Полицаец во затворот во Шутка е позитивен на КОВИД-19

Скоипје, 15 јуни 2020 (МИА) – Управата за извршување на санкциите потврди дека затворски полицаец од КПУ Затвор – Скопје во Шутка е позитивен на коронавирусот и дека се добиени информации за сите контакти кои ги  имал на работното место.

Тој на 9 и 10 јуни, кога не бил на работа, имал благо покачена температура, но матичната докторка не сметала дека има потреба да се тестира зашто имал воспалено грло и му препишала терапија. Кога дошол на 11 јуни на работа,  според утврдениот протокол, му била измерена температура, која била во нормала и немало причина за сомневање. Но, по добиената информација за претходната состојба, на неговото работно место биле применти заштитни мерки.

Управата соопшти дека вработениот бил ослободен од работните обврски и упатен дома, а потоа е разговарано со неговата матична докторка со цел да го упати на тестирање.

-Сите негови колеги со кои имал контакт се, исто така, упатени кај своите матични доктори откако на 13 јуни 2020 година е добиен резултат за позитивен тест на овој затворски полицаец и до нивното тестирање сите ќе отсуствуваат од работа, а на нивно место се вклучени други затворски полицајци во работниот процес, соопшти Управата за извршување на санкциите.

Во соопштението додава и дека кај останатите вработени во установата како и кај притворениците и осудените лица нема пријавено присуство на какви било симптоми на КОВИД 19 и работата се  одвива непречено. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил