Утрински Весник
Македонија

Три физички напади пријавени во тетовската полиција

Три физички напади пријавени во тетовската полиција

Тетово, 15 јуни 2020 (МИА) – Тетовската полиција бележи пријави за три физички напади во текот на вчерашната вечер. Една од пријавите е за семејно насилство.

-Половина час по полноќ, 45-годишен тетовец во СВР Тетово пријавил дека во нивниот дом бил физички нападнат од неговиот 25-годишен син. Претходно околу 20 часот Б.Н.(44) од Тетово пријавил дека 10-тина минути претходно додека бил на работа во автоперална на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, бил физички нападнат од Б.Х.(37) од тетовско Гајре, од негов роднина и од уште едно непознато лице.  Во 23 часот и 45 минути, П.Џ.(30) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“ во Тетово, бил физички нападнат од 4 лица, кои по случена сообраќајна незгода со него, излегле од возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки и физички го нападнале, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција сега работи на расчистување и документирање на  трите случаи. ас/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина поранешниот министер и пратеник Самка Ибраимовски

Мециновиќ: ДПМНЕ ја оплакува демографската катастрофа, а без ниту еден аргумент го одби Предлог-законот на Левица за станбена поддршка на младите семејства

Клековски: Прашањето не е само дали, туку како безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест