Утрински Весник
Македонија

За еден сантиметар зголемен водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар зголемен водостојот на Охридското Езеро

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во однос на вчера, но е за еден сантиметар понизок од просекот за јуни, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера. Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,1 метар понизок од просечниот, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,85 метри повисоко од просекот за овој месец.

Нивоата на реките во земјава се повисоки од просечните или се во рамките на просекот и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

ВЛЕН: Честит Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена