Утрински Весник
Македонија

Комплетно асфалтиран стариот пат до манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

Комплетно асфалтиран стариот пат до манастирот „Св. Јоаким Осоговски“
Img 5587

Крива Паланка, 4 јуни 2020 (МИА) – Завршено е асфалтирањето на стариот патен правец до манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка и тој од денеска е во употреба.

Завршени се градежните активности за реконструкцијата и санација на стариот пат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, со која комплетно е обновена коловозната конструкција и поставен е нов слој асфалт. Исто така поставени се нови рабници во должина од 2,5 километри, изработени се асфалтни риголи, санирани се постојните свлечишта и изградени се потпорни ѕидови, а делови од патот се проширени со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Тој рече, од денеска сите посетители, туристи и рекреативци, ќе можат да го користат и овој патен правец до манастирот, кој, како што посочи, е најголем туристички потенцијал и промотор на општината.

Рехабилитацијата на патот е проект финансиран од Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралнито развој ( АФПЗРР) и дел од Општина Крива Паланка, а изнесува околу 16 милиони денари. иб/ир

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија 

Таравари-Ванхоуте: Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце 

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ: Температурите ќе достигнат до 27 степени