Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мисајловски: Со ваков тренд на заболени несериозно е да се зборува за избори и да се лицитира со датуми

Мисајловски: Со ваков тренд на заболени несериозно е да се зборува за избори и да се лицитира со датуми
300x250 opst2

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – ВМРО-ДПМНЕ смета дека во ситуација кога е во постојан пораст бројот на позитивни на КОВИД-19, неодговорно е да се зборува за избори и да се лицитира со датуми.

Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски истакна оти имало канал за комуникација со другите партии за договор за датумот на изборите, но оти сега ситуацијата со порастот на заболените и починатите е сосема поразлична од тогаш кога се разговарало и оти сега нема смисла да се разговара за избори.

– Ние имаме нова релност во Македонија која Заев ја нарекува нормална реалност, но бројките покажуваат многу различлно. Денеска имаме црн понеделник. На ваков ден да се зборува за избори и да се тера кампања е несериозно. Ние сме одговорна партија и ќе се грижиме за здравјето за граѓаните. Би сакал да прашам како Зоран Заев знае дека ќе заврши вонредната состојба сега, како знае дека ова ќе биде последно продолжување на вонредната состојба и дали одлуките се носат политички. Треба да се има малку разум, ако по секоја цена сакаат да одат на избори и да бидат извор на пандемија, тоа не го заслужиле граѓаните и ние нема да го дозволиме, истакна Мисајловски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, истакна дека имало канал за комуникации како што знае јавноста, но оти реалноста сега е поинаква кога „половина партија на СДСМ е во изолација“.

– Јас им посакувам добро здравје на сите и на нивните семејства. Не е време за избори или време да нафрламе датуми кога ќе има избори и слично. Време е сите сплотено во државата да се посветиме на здравјето на граѓаните и ништо повеќе, рече Мисајловски.

Тој како невистинити ги квалификуваше информациите дека најнов предлог на неговата партија бил предвремени парламентарни избори да има во 2021 заедно со локалните. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите