Утрински Весник
Македонија

Криумчар на мигранти од Косово е позитивен на Ковид-19, а не струмичанец

Во Струмица евидентиран првиот позитивен на Ковид-19

Струмица, 1 јуни 2020 (МИА) – Криумчар на мигранти од Косово е позитивен на Kовид-19, а не граѓанин од Струмичкиот регион, информира за МИА директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

Според него станува збор за државјанин на Косово И.П. (30), кој вчера по полноќ беше откриен од полицијата на клучката кај селото Миравци на автопатот Гевгелија-Скопје, како во камион со ладилник превезува 113 мигранти од Бангладеш, Индија и Мјанмар.

-На лицето вчера му е земен брис од страна на екипа на Центарот за јавно здравје и денес се покажа дека e позитивен на Kовид-19. Според воспоставените процедури, на уапсените лица и тие кои се упатуваат во притвор им се прави тест, рече директорот Витанов.

Инаку, Косовецот е спроведен на издржување на мерката притвор во Затворот „Скопје“ според пропишаните правила и прописи и тој од вчера се наоѓа таму. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДПИ на терен проверува дали трговците се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, преговараме со мултинационална компанија, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме