Утрински Весник
Македонија

Во последните 8 години за 1/4 опаднал бројот на дипломирани студенти

Во последните 8 години за 1/4 опаднал бројот на дипломирани студенти

Минатата година на високообразовните установи дипломирале вкупно 7.874 студенти што е за 2,2 проценти зголемување од 2018 година. Најмногу од нив 5.845 дипломирале на државните, наспроти 2.004 студенти на приватните факултети. Додека пак, верски факултет завршиле само 25 лица. Статистиката покажува дека од вкупниот број, 36 проценти дипломирале во рокот, додека 63 отсто дипломирале по рокот.

Забележителен е податокот дека минатата година поголем број студенти завршиле приватен факултет во однос на 2018 година, додека пак, оние што дипломирале на државен факултет е помал од пред две години.

Дипломирани студенти во 2019 на државен факултет: 5.845
Дипломирани студенти во 2018 на државен факултет: 6.204

Дипломирани студенти во 2019 на приватен факултет: 2.004
Дипломирани студенти во 2018 на приватен факултет: 1.472

Во периодот 2012-2019 година, додипломски студии завршиле вкупно 70.557 лица или во просек по 8.800 студенти на годишно ниво. Најголемиот дел од нив (54.749) со титулата дипломиран се стекнале на државните факултети, а најмалку на верските, само 168.

Од Државниот завод за ревизија во последниот извештај апелираат дека е неопходно унапредување на системот за финансирање и квалитет на високото образование. Ревизорите утврдиле дека државните органи надлежни за спроведување на образовната политика и политиката за вработување не се доволно ефективни за осигурување на вработувањето на високообразовниот кадар на пaзарот на труд во РСМ.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор