Утрински Весник
Економија

Услужната комора ќе ги изнесе ургентните барања на компаниите до Владата

Услужната комора ќе ги изнесе ургентните барања на компаниите до Владата

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојузот на стопански комори на Македoнија денеска ќе ги соопшти ургентните барања на компаниите од секторот од сите градови во земјата, кои веќе трет месец се затворени по донесената уредба на Владата за превенција од Ковид-19.

Информираат дека станува збор за претприемачи, микро и мали компании кои се најпогодени од здравствено-економската криза, a се столб на националната економија.

– Мерките кои ќе бидат испорачани се во насока на создавање можности за што поскоро безбедно започнување со работа на компаниите, се со цел да се помогне на дејноста, се вели во соопштението на Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при ССКМ. фф/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра

Пуштањето на интерконекторот со Грција се планира за 2027 година