Утрински Весник
Македонија

79-годишник од Тетово со нож повредил маж кој го снимал на телефон

Policija 3 1.jpg

Кривична за две лица тетовско затоа што вршеле насилство. Имено 52-годишникот го снимал со телефон 79-годишникот и неговата сопруга, по што се степале.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Р.(52) и А.Ш.(79), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– На 30.03.2024, првопријавениот во дворот на семејната куќа ги снимал со телефон второпријавениот и неговата сопруга, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив, во која второпријавениот со нож му нанел повреда на првопријавениот, соопштија од полицијата.

Можете да прочитате

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес”

Сопственичка на кравите од Кривопаланечко заработи кривична, им се заканувала на инспектори од АХВ