Утрински Весник
Македонија

461 казна за брзо возење низ целата држава

461 казна за брзо возење низ целата држава

Сообраќајната полициа во текот на вчерашниот ден (14 мај) спроведе зајакната контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат од МВР, притоа санкционирани се 461 возач. Од нив, 45 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 20 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

На територијата на Скопје, за брзо возење вчера биле изречени 54 санкции, од вкупно 148 мерки за сообраќајни прекршоци во главниот град.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од ресорното министерство.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани