Утрински Весник
Свет

30 истрели кон бар во Берлин – повредени тројца мажи од Нови Пазар

Уапсени двајца гостиварци, извршиле обид за убиство во Дебар

Тројца мажи од Нови Пазар се ранети синоќа во пукање пред кафеана на берлинската улица Милерштрасе, јаввија регионалните медиуми.

Тие биле пренесени во болница со сериозни повреди, а се трага по осомничениот пукач.

Според германското вишо јавно обвинителство, голем број истрели биле испукани од огнено оружје пред шиша-бар, а полицијата веднаш по инцидентот го затворила целиот кварт и го обезбедила местото на настанот.

„Мотивите за пукањето сè уште не се познати“, кусо изјавил портпаролот на јавното обвинителство.

Во престрелката се ранети тројца од Нови Пазар, кои седеле во шиша-барот. Кон нив биле испукани 29 истрели, пренесува indeksonline.rs.

Локален полициски службеник потврдил дека во едно лице биле испукани седум до осум куршуми во горниот дел на телото, а според сè уште непотврдени информации, станува збор за А.Б. од Нови Пазар, кој им подлегнал на раните во болница во Берлин.

Можете да прочитате

Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху

Кремљ: Се приспособивме на животот под санкции

Земјите членки од ЕУ го одобрија 18-от пакет санкции кон Русија