Утрински Весник
Свет

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата

Iran.webp.webp

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја предупреди својата британска колешка Ивет Купер во телефонски разговор дека Велика Британија, дозволувајќи им на САД да ги користат нејзините воени бази, учествува во агресија.

Арагчи го критикуваше, како што рече, „пристрасниот и негативен“ став на Велика Британија и некои други европски земји кон американско-израелската агресија против Иран. Во објава на Телеграм, тој порача дека давањето каква било помош на овие земји „само ја влошува и дополнително ја комплицира ситуацијата“.


„Со дозволувањето САД да ги користат вашите воени бази, директно учествувате во агресија. Ваквите дејствија несомнено ќе се сметаат за учество во агресија и ќе влезат во историјата на односите меѓу нашите две земји. Во исто време, го задржуваме нашето неотуѓиво право да го браниме суверенитетот и независноста на земјата“, изјави Арагчи.

Британскиот премиер Кир Стармер претходно овој месец им одобри на САД да ги користат базите „РАФ Ферфорд“ во Глостершир и „Диего Гарсија“ во Индискиот Океан за „одбранбени“ операции против иранските ракетни локации. Во изминатите две недели, во базата „Ферфорд“ е регистрирана зголемена активност на американските воени авиони.

Можете да прочитате

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош

Вкупно 94 патници досега евакуирани од бродот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус