Утрински Весник
Македонија

24-годишен скопјанец провалил во станот на поранешната девојка и ја силувал

Вршел обљуба врз дете што му го довериле на чување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. Тој влегол во станот во кој престојувала оштетената и иако таа се спротивставувала, со употреба на физичка сила и удари, ја принудил на сексуални односи.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​

Можете да прочитате

Се скарале, па се степале во нотарска канцеларија за оставинска постапка

Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола