Утрински Весник
Магазин

Американски медиуми: Принцот Хари не отиде доволно далеку со нападот врз кралското семејство

Американски медиуми: Принцот Хари не отиде доволно далеку со нападот врз кралското семејство

Во своите мемоари, принцот Хари пролеа повеќе британски чај отколку одредена група револуционери пред 250 години – со резултати кои можеби ќе бидат подеднакво вознемирувачки за сегашниот монарх како што беше Бостонската чајанка за Џорџ Трети.

dobivaj vesti na viber

Многумина се прашуваа дали ‘кажи-на-сите’, објавена минатата недела, ќе содржи доволно нови откритија за да се одржи интересот на јавноста за војводата и војвотката од Сасекс, чија документарна серија од шест епизоди „Хари и Меган“ беше премиерно прикажани минатиот месец на „Нетфликс“.

Одговорот, засега, е убедливо Да. „Резерва“ соборува рекорди на продажба и инспирира повеќе ударни наслови во медиумите од речиси која било друга книга во поново време.

„Принцот Хари не отиде доволно далеку со своите критики за кралското семејство,“ стои во едиторијалот на „Лос Анџелес тајмс“, каде авторката Мередит Блејк ги анализира интервјуата и мемоарите на војводата од Сасекс, нагласувајќи дека тој открил сериозни недостатоци во кралското семејство.

„Виндзорите се прикажани како ладен, дисфункционален и немилосрден клан каде „прегратките се повеќе од бледи, но објавувањето приказни за сопствените роднини е стандардна практика,“ се наведува во воведната статија на весникот.

„Според мислењето на Хари, кралот Чарлс е „неумолив и немилосрдно себичен“, принцот Вилијам е „досаден и лут“, а Камила е „попустлива маќеа од Дизниевиот актерски тим.“

Сепак, авторката Мередит Блејк вели дека Хари не отишол доволно далеку бидејќи не успева да ја предизвика самата монархија.

„Во своите мемоари Хари изложи случај против монархијата, но, на крајот избегнува релевантни прашања за династијата што некогаш ја претставувал. Откривајќи ги своите ставови за монархијата, Хари вели: никој не сака да слуша како принцот се залага за постоењето на монархијата, како што не сака да слуша како принцот се залага против неа.“

„Запрашан од Том Бредби од Ај-ти-ви дали сè уште ја поддржува монархијата, Хари едноставно одговори: да.“

Книгата мемоари, која ја напиша добитникот на Пулицерова награда, Џ. Р.  Мохрингер, ветува дека ќе биде преполна со експлозивни откритија и увид во кралското семејство – а има дури и аудиокнига што ја чита самиот војвода од Сасекс.

Можете да прочитате

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување