Утрински Весник
Македонија

174 казни за прекршоци што ги прават пешаците

174 казни за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

dobivaj vesti na viber

При контролата, санкционирани се 174 пешаци од кои, 143 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

На територија на СВР Тетово 40 санкции, на територија на СВР Штип 34 санкции, на територија на СВР Битола 28 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Можете да прочитате

Стручната комисија утврди: нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица

Дал капар за куќа па „мајсторот“ избегал – скопјанец измамен за 5.500 евра

Петрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон