Утрински Весник
Македонија

174 санкционирани возачи во Скопје

120 санкции за брзо возење на подрачјето на Тетово

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, осум санкции за возење без возачка дозвола, шест за непрописно престигнување и обиколување.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога

Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: Модернизиран команден центар, „Безбеден град” ставен во функција, значително намален бројот на жртви во сообраќајот