Утрински Весник
Македонија

171 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење

171 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди