Утрински Весник
Спорт

16-годишна канадска пливачка сензација во пет дена урна два светски рекорда

16-годишна канадска пливачка сензација во пет дена урна два светски рекорда

Канадската пливачка ѕвезда Самер Мекинтош (16) го собори светскиот рекорд на 400 метри мешано во Торонто, пет дена откако го урна рекордот на 400 метри слободно. Актуелната двојна светска шампионка делницата ја преплива за 4:25,87 минути на канадските квалификации за следното Светско првенство во Фукуока (14-30 јули).

dobivaj vesti na viber

Таа го подобри светскиот рекорд, поставен на Олимписките игри во Рио во 2016 година, кој и припаѓаше на Унгарката Катинка Хошу за 49 стотинки.

„Тоа беше првпат навистина да ја слушнам публиката за време на мојата трка. И неверојатно е што целото мое семејство и пријатели на трибините ме бодреа. Тоа навистина ми помогна во последните 100 метри”, изјави Мекинтош.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука