Утрински Весник
Македонија

154 казни за возачи во Скопје, 28 за брзо возење

154 казни за возачи во Скопје, 28 за брзо возење

Вкупно 154 возачи на територијата на Скопје се казнети поради сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

Меѓу нив за непочитување на брзина на движење 28, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од министерството додаваат дека 17 казни биле изречени за користење на мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на црвено светло, шест за некористење сигурносен појас и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

Информираат, дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Приведени директори и вработени во Национални шуми

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер планот на Филипче е пак да и се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

Времето денеска: Преку ден топло и сончево, попладне дожд и ветер