Утрински Весник
Македонија

15-годишник од Велес украл автомобил, удрил во бетонски ѕид и избегал

Img 8631.jpeg

Петнаесетгодишник од Велес е приведен откако украл патнички автомобил, со кој подоцна удрил во бетонски ѕид, а потоа го напуштил местото на незгодата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 4 јули, полициски службеници од СВР Велес, во присуство на родител и социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршиле службен разговор со малолетникот.


Според полицијата, истиот ден на улицата „Алексо Демниевски“ во Велес, 15-годишникот го одзел патничкото возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на О.Т. (63) од Велес.

Со украдениот автомобил тој удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот.

Набргу по инцидентот, полициските службеници го пронашле малолетникот и го спровеле во полициска станица. За случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.

Возилото во меѓувреме е вратено на сопственикот, а по целосното документирање на случајот против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев

Уште еден починат од западнонилска треска: досега вкупно 11 смртни случаи

Актерот Јолевски, историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“