Утрински Весник
Македонија

Претрес кај 63-годишник – Пронајдени 116 грама хашиш

Img 8618.jpeg

Полициски службеници од СВР Тетово запленија околу 116 грама хашиш при претрес во гостиварското село Здуње, а едно лице е лишено од слобода.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 4 јули од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и по наредба издадена од Основниот суд во Гостивар.


При претресот во објект во сопственост на С.Б. (63) од село Здуње, во дворот била пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш.

По откривањето на дрогата, С.Б. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево

Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски