Утрински Весник
Македонија

141 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење

134 сообраќајни прекршоци во Скопје, 45 казни за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 141 казна, меѓу кои за возење над дозволената брзина 21 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за неносење на сигурносен појас, осум мерки за користење на мобилен телефон, три мерки за прекршоци што ги направиле возачите на моторцикли, 48 мерки за непрописно паркирање.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пендаровски: Mицкоски бара дополнителни коалициони партнери, затоа што го знае што го чека на 27 април и 8 мај

Ковачевски до Мицкоски:  На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум