Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на СДСМ и ДУИ не носат европска иднина, туку песимизам

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на СДСМ и ДУИ не носат европска иднина, туку песимизам
Img 5587

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат дека, Заев, Груби, Османи и криминалниот картел на СДСМ и ДУИ не носат европска иднина во Македонија.

Според нив, криминалниот картел на власт, како што го нарекуваат е закана за европските вредности.

Ss1

„Корупцијата и криминалот на власта се најголемата закана за Европската иднина на Македонија. Тие веќе се прогласени за црна точка во Европа. Транспаренси ја рангира Македонија на рекордно најлошата 111 позиција по борбата против корупцијата. Македонија е најсиромашната и најнесреќната држава во Европа, а според Блумберг е една од 10-те посочени земји кои нетранспарентно ги трошеле парите од ММФ за справување со пандемијата. Корупцијата на власта е нотирана и во извештаите на ЕК и во извештаите на Стејт Департментот. Власта на Заев е таа која дозволи 215 официјални македонски пасоши да се издадат на криминалци, нарко босови и терористи. Во време на власта на Заев дипломати се апсат по меѓународни потерници, во дипломатска пошта се шверца цигари, а во полициски возила се пронаоѓа дрога“, е посочено во соопштението од партијата на Мицкоски.

Од таму додаваат дека и Европа и граѓаните го гледаат криминалот на власта.

„Токму затоа, поради криминалното поведение на власта кое останува неказнето и бесперспективноста која тоа ја создава, граѓаните се песимисти и се намалува поддршката на народот за ЕУ“, се нагласува во писмениот допис.

Потенцираат дека кон Европа може да чекори само власт без Заев и без заевизмот кој тој, како што велат го инсталирал овие години. Затоа истакнуваат дека се потребни итни предвремени парламентарни избори.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт