Утрински Весник
Македонија

135 санкционирани возачи во Скопје, 11 без возачка дозвола

135 санкционирани возачи во Скопје, 11 без возачка дозвола

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина осум санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за возење под дејство на алкохол.

dobivaj vesti na viber

Изречени биле и 11 мерки за нерегистрирани возила, две санкции за возач почетник, 10 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Големиот Медитерански влажен бран ни донесе над 40 литри дожд на м/2

Најнов политички бриф и наоди на БЦСДН: Сериозна ерозија на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција: Бараме поодлучна акција од ЕУ

Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места