Утрински Весник
Магазин

Џејми Ли Кертис го поддржа Вил Смит откако тој ја сподели својата најлоша форма

Џејми Ли Кертис го поддржа Вил Смит откако тој ја сподели својата најлоша форма
300x250 (7)

Акционата sвезда Вил Смит доби нов фан.

Во средата, 62-годишната актерка ветеран Џејми Ли Кертис му аплаудираше на Вил, кој претходно сподели фотографија без кошула и напиша дека е во најлошата форма во својот живот.

Ss1

Во објава на Инстаграм, ѕвездата од „Ноќта на вештерките“ потенцира дека самоприфаќањето и самољубието е многу важно.

Таа постираше поделена фотографија: лево е Вил во неговиот сега познат портрет, а од десната страна е Џејми на фотосесија за списанието „Мор“, што им помога на читателите да видат какво е телото со реален изглед.

Џејми, ќерка на холивудската легенда Тони Кертис, напиша: „Прифаќањето на релноста е првиот чекор кон секоја промена.“

„Мојата стара фотографија за магазинот More е доказ за тоа како сум изгледала порано, а исто така и начин да ја покажам вештината на рекламирање во списанија, но и шанса да се погледнам во огледало и да направам некои промени сега.“

Таа додаде дека никој не треба да се чувствува нездраво. „Сите западнавме во лоши навики“, вели таа, алудирајќи на самоизолцијата среде пандемија на Ковид -19.

„Целта е самоприфаќање, самољубие. Реално, достижно самоприфаќање.“

Во вторникот наутро, Вил (52), се огласи на Инстаграм за да сподели бумеранг од себе во црни боксерки. Тој откри дека е на работ да го започне своето фитнес-патување и дека сето тоа ќе биде документирано на претстојниот проект на Јутјуб.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август