Утрински Весник
Македонија

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17 октомври.

Формираната комисија на јавното обвинителство проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување.

Јавниот обвинител во Јавното обвинителство, Џељаљ Бајрами, е определен за претседател на комисијата. Членови се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.

Членовите на комисијата, како и вработените вклучени во нејзината работа, на дневна основа ќе ги следат сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

Јавното обвинителство ги повикува граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции и сите лица кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата, на електронската адреса [email protected] Електронската адреса за пријавување на изборни нерегуларности е објавена и на интернет страницата на јавното обвинителство www.jorm.gov.mk.​

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица