Утрински Весник
Свет

Ѓоковиќ пристигна, но не доби виза за влез во Австралија

Ѓоковиќ пристигна, но не доби виза за влез во Австралија

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Австралија, но не доби виза за престој во земјата.

Регионалната влада на државата Викторија го одби барањето на граничните власти да го поддржат издавањето на виза на најдобриот светски тенисер.

Како што се наведува, властие дека откриле дека тимот на Ѓоковиќ испратил погрешен формулар за издавање на визата. Ѓоковиќ имал виза со која не може да влезе како невакциниран и покрај медицинското ослободување.

Наводно, граничните служби ја повикале владата на Викторија да го одобри влезот на Ѓоковиќ, но од таму одбиле.

Тој пристигнал на аеродромот околу 13.30 часот и засега не може да влезе во земјата, па чека да се разреши ситуацијата со формуларот.

Во Австралија сега е полноќ и прашање колку српскиот тенисер ќе треба да чека за да се разреши целата ситуација.

Можете да прочитате

Германија најголем производител на пиво во ЕУ во 2025

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година