Утрински Весник
Магазин

Канје со нова девојка во Мајами, Ким на одмор на Бахамите со новото момче

Канје со нова девојка во Мајами, Ким на одмор на Бахамите со новото момче

Канје Вест поминува повеќе време со порториканската пејачка текстописец Одри Никс во Мајами, само неколку дена откако се појавија шпекулации за наводна романса откако беа забележани на балкон во хотел првиот ден од новата година.

Се чини дека врската на 44-годишниот рапер и 27-годишната музичарка не е само шпекулација, коментираат таблоидите, откако тие заедно пристигнаа на имотот на Канје во понеделникот попладне.

За нивната лежерна прошетка, наградуваниот хип-хоп пејач носи широк црн дуксер со логото на Светската програма за храна, фармерки, ракавици и чизми.

Таблоидите потсетуваат дека неговата отуѓена сопруга Ким Кардашијан е на одмор на Бахамите со новото моче Пит Дејвидсон.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото