Утрински Весник
Спорт

Шпанскиот синдикат играчи застана зад Дембеле, тој вели дека нема да подлегне на „уцени“

Шпанскиот синдикат играчи застана зад Дембеле, тој вели дека нема да подлегне на „уцени“
300x250 (7)

Синдикатот на фудбалери во Шпанија (АФЕ) ја предупреди Барселона за однесувањето кон нивниот фудбалер Усман Дембеле откако тој одбива да потпише нов договор, а му беше порачано дека веќе нема да заигра за клубот.

Договорот на Французинот завршува на крајот на сезоната и тој ќе може да замине бесплатно на крајот на сезоната и денеска фудбалскиот директор на каталонскиот клуб, Матеу Алемани му прати порака дека треба да замине „што е можно побргу“. 24-годишниот Дембеле не е во тимот кој ќе игра со Атлетик Билбао во меч од Копа дел реј вечерва и синдикатот реши да реагира.

Ss1

„Иако е вистина дека било кој професионален фудбалер нема автоматско право да биде избран во првиот тим за сите натпревари, тој има право кон него да се однесуваат идентично како кон другите соиграчи. Ако ова е притисок да потпише нов договор, заедно со јавните изјави од таков тип, тоа е нелегално однесување од страна на клубот. Одбивањето да се обнови соработката не претставува прекршување на договорот“, се вели во објавата на АФЕ.

Самиот Дембеле, пак, се јави преку Инстаграм.

„Забранувам на сите да зборуваат во мое име, освен на мојот агент, во кој имам целосна доверба. Уште сум под договор и целосно сум достапен на клубот и на тренерот. Не сум човек кој мами и уште помалку човек кој се предава на уцени. Секако, љубовта е еден вид на уцена. Има преговори, мојот агент е одговорен, тоа е негово поле. Мое поле е фудбалот, играњето, споделувањето на среќни моменти со соиграчите и со навивачите. Да се фокусираме на основните работи“, се вели во објавата.

Крај на сагата – Дембеле веднаш треба да го напушти „Ноу Камп“

> Шпанскиот синдикат играчи застана зад Дембеле, тој вели дека нема да подлегне на „уцени“ <

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал