Утрински Весник
Свет

Ердоган ќе патува во Украина: Имам надеж дека ќе завладее мирот

Ердоган ќе патува во Украина: Имам надеж дека ќе завладее мирот
Ss2

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе отпатува за Украина на почетокот на февруари и дека се надева дека ќе ги собере руските и украинските лидери што е можно поскоро.

„ Се надевам дека мирот ќе завладее во регионот“, рече Ердоган.

Ss1

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека Москва ги поддржува напорите на која било земја за решавање на ситуацијата во Украина.

Коментирајќи ја поканата на претседателот Ердоган до претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, да дојдат во Турција на разговори, Песков потсети дека главните несогласувања меѓу Москва и Киев во однос на доцнењето на Украина во спроведувањето на договорот од Минск.

„ Доколку нашите турски партнери можат да влијаат на Украинците и да ги охрабрат да ги исполнат претходно постигнатите договори, тоа може само да се поздрави“, посочи Песков, пренесува РИА Новости.

Ss1

Можете да прочитате

Протест на илјадници староседелци против бразилската Влада

Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски