Утрински Весник
Свет

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена
300x250 (7)

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили во Украина ќе се смета за инвазија.

Бајден на прес-конференцијата посочи дека Русија ќе плати висока цена во случај на руска инвазија на Украина и дека САД подготвиле пакет санкции кои ќе им бидат воведени доколку тоа се случи, пренесува „Ројтерс“.

Ss1

Руските власти претходно денеска соопштија дека предупредувањето на претседателот Бајден за можни разорни последици доколку Русија се пресели во Украина нема да помогне да се намалат тензиите, туку може дополнително да ја дестабилизира ситуацијата.

Запрашан да ја коментира изјавата на Бајден, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Русија добивала слични предупредувања повеќе од еден месец.

„ Сметаме дека тие на никаков начин не придонесуваат за намалување на тензијата што сега е подигната во Европа, а уште повеќе, можат да доведат до дестабилизација на ситуацијата“, рече Песков.

Западот ја обвинува Русија дека подготвува напад врз Украина и дека фактот што Москва значително го зголемила своето воено присуство во близина на границите на Украина, што Русија силно ги отфрла како неосновани и опасни обвинувања и нагласува дека ги преместува воените сили на своја територија во согласност со Уставот и дека Западот сето тоа го користи како изговор за натамошно проширување на Исток.

Затоа рускиот претседател Владимир Путин побара писмени, правно обврзувачки, гаранции од Западот дека нема дополнително да се шири кон руските граници и дека нема да распореди оружје во тој дел од Европа.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња