Утрински Весник
Магазин

Ширли Менсон: На жените им го перат мозокот уште од детството

Ширли Менсон: На жените им го перат мозокот уште од детството

Шкотската пејачка, текстописец и актерка Ширли Менсон смета дека на жените им го перат мозокот уште од детството за да веруваат дека најдобрите години во нивниот живот се кога се згодни и секси.

Кога наполнив 30, се сеќавам дека верував во некои чудни работи, вели таа во интервју за британски „Индепендент“.

Музичката sвезда, вокалистка на алтернативиот бенд „Гарбиџ“, се присетува дека го чувствувала притисокот да ја „смири шминката“ и да престане да носи „неприкладна облека“.

Сепак, пристапот на Вивиен Вествуд и Доли Партон ја охрабрил да го преиспита својот избор.

„Тие ми дозволија да бидам своја, иако културата сакаше да ме намали.“

“До 2006 година, веќе бев во четириесеттите и мислев дека сè е готово за мене. Жените музичари на кои се гледа како на сексуални објекти не им се дава шанса откако ќе поминат одредена точка,“ рече музичарката.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот