Утрински Весник
Свет
Img 7972

Шарл Мишел: „Ако НАТО се приклучи, ќе има трета светска војна“

Шарл Мишел: „Ако НАТО се приклучи, ќе има трета светска војна“
300x250 opst2

Влегувањето на НАТО во конфликтот за Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Правиме се што можеме да не ескалира конфликтот. Русија е нуклеарна сила, а ние сме многу свесни дека ако овој конфликт се претвори во конфликт на НАТО против Русија, тогаш ќе победиме во Третата светска војна“, изјави Мишел во интервју за шпанскиот весник „Паис“.

Тој додава дека е во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој според Мишел имал дополнителни барања од ЕУ.

„Вистина е дека сакаше повеќе. Но, проширувањето на ЕУ е чувствително прашање за кое не сите европски земји го делат истото мислење“, рече Мишел.

Според него, ЕУ треба да ги земе предвид и земјите со кои веќе започна пристапниот процес.

„Мораме да ги поддржиме нашите партнери кои гледаат кон слободниот свет. Договорите за влез во ЕУ имаат огромен потенцијал, кој е потценет“, нагласи претседателот на Европскиот совет.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир