Утрински Весник
Македонија

Возач удрил полицаец по потера кај Страцин

Mvr Policija 4.jpg

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П. (38) од Василево поради спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз полициски службеник, соопшти ОВР Кратово.

Инцидентот започнал кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки му дале јасен сигнал за запирање на возило „ауди а6“, меѓутоа возачот продолжил да се движи, игнорирајќи ги наредбите.


По преземени мерки, возачот бил запрен на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Страцин. Во моментот на запирањето, Р.П. физички нападнал полициски службеник и му нанел тешка телесна повреда.

Можете да прочитате

Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030″

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните

Кузеска: ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма