Утрински Весник
Македонија

Неидентификувано тело без делови од телото во Зрновци, клучна обдукцијата

Img 0444.jpeg

Институтот за судска медицина денеска започна со обдукција на пронајденото безживотно тело, откако првичните вештачења потврдија дека станува збор за лице од женски пол.

Идентитетот на починатата засега не е утврден. Според неофицијални информации, телото било пронајдено во тешка состојба, без глава и дел од екстремитетите. Анализите што се во тек треба да утврдат дали деловите од телото недостасуваат како последица на насилство или, пак, се работи за оштетувања настанати по смртта.


Од надлежните информираат дека обдукцијата е во тек и се очекува да заврши во текот на денот, по што сите наоди ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

Во рамки на постапката, стручните тимови прибираат идентификациски белези, а веќе е земен и материјал за ДНК анализа, што се смета за клучен чекор во утврдување на идентитетот.

Истрагата продолжува во координација меѓу Судска медицина, полицијата и обвинителството, со цел расветлување на сите околности поврзани со случајот. По завршувањето на обдукцијата, се очекуваат и официјални информации за причините за смртта.

Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека телото било пронајдено во фаза на распаѓање.

Можете да прочитате

Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за шест убиства

Приведен охриѓанец, на сила одзел телефон на женско лице, нападнал полициски службеници и во домот поседувал дрога