Утрински Весник
Магазин

Човек кој има 48 деца не може да си најде девојка

Донаторот на сперма кој досега има 48 деца, а уште 10 или 11 допрва треба да се родат, се бори да ја најде љубовта на својот живот – признава дека повеќето жени губат интерес откако ќе дознаат што прави.

dobivaj vesti na viber

Кајл Горди (31) од Лос Анџелес ја нуди својата сперма на самохрани мајки, лезбејски парови, како и сопрузи и сопруги кои не можат да зачнат свои деца.

Своите услуги кои се бесплатни ги промовира на социјалните мрежи и наместо во банка за сперма, спермата ја дава директно на жените, пишува „Јутарњи.хр“.

Тој објаснува дека некои луѓе не сакаат да одат во банка за сперма затоа што донаторите таму се анонимни, што значи дека новите родители нема да знаат ништо за личноста чии гени ќе ги носат нивните деца, па наместо тоа се обраќаат кај него.

Досега, во последните 8 години, тој им помогнал на десетици жени да станат мајки, но неговата дарежливост го чини љубовен живот.

„Десет години немам девојка. Секогаш пред се им кажувам на жените што правам и во тој момент тие стануваат незаинтересирани. Ми велат дека разбираат дека сакам да им помагам на жените, но дека не сакаат некој кој веќе има деца со други жени. Не им се допаѓа“ – посочува Горди.

Сè започнало пред осум години, кога лезбејската двојка пројавила желба за дете, но тие биле загрижени дали ќе земат сперма од банка бидејќи нема да ја знаат историјата на таткото.

„Ним им беше непријатно што нема да знаат ништо за биолошкиот татко, дури ни од каде потекнува. Затоа разговаравме, а јас им реков „слушајте, со задоволство ќе ја донирам вашата сперма, дури и детето да знае кој му е татко ако сака“. Потоа ејакулирал во чашата и им ја дал. Две недели подоцна една од двете жени му кажала дека е бремена и го носи неговото дете“ – пренесува „Јутарњи.хр“.

Откако им помогнал да започнат, рекол дека се повеќе жени почнале да контактираат со него преку интернет и така започнал.

„Помогнав да се создадат многу семејства, навистина го работам тоа што го работам, го работам сериозно“ вели тој.

Кајл поминал низ генетско тестирање, тестирање за СПБ, како и анализа на спермата. Покрај тоа, тој не пие алкохол и се обидува да јаде органска храна за да се осигура дека неговата сперма е во врвна состојба.

Кајл објаснува дека не наплаќа ништо за неговите услуги и дека тоа што го прави го става во ризик – бидејќи технички е законски татко на детето, мајката може да побара од него да плати издршка во секое време.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак