Утрински Весник
Свет

Четворица соработници на Борис Џонсон поднесоа оставки поради ковид забавите

Четворица соработници на Борис Џонсон поднесоа оставки поради ковид забавите

Четворица блиски соработници на Борис Џонсон поднесоа оставки за неколку часа, поради зголемениот притисок врз британскиот премиер во врска со забавите додека Британците се соочуваа со строги мерки против коронавирусот.

Оставки поднесоа советникот за комуникации Џек Дојл, политичкиот советник Мунир Мирза, началникот на Генералштабот Ден Розенфилд и главниот личен секретар на премиерот Мартин Рејнолдс.

Притисокот врз Џонсон расте по серијата забави во кабинетот и резиденцијата на Даунинг стрит бр. 10 каде што се конзумирал алкохол, што се случи за време на строгите мерки поради коронавирусот, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

ТВ станиците од пулот во Белата куќа го бојкотираат Трамп поради забраната на трите медиуми

Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане, смета Трамп

Полска сака да прими на своја територија 15.000 американски војници