Утрински Весник
Спорт

Челси им ги „крадат“ Де Јонг и Кукурелја на ривалите од Манчестер!

Челси им понудиле над 50 милиони фунти на Брајтон за левиот бек Марк Кукурелја и почнале директни преговори со Барселона за потписот на Френки де Јонг, во „удар“ за ривалите од Манчестер, тврди британскиот „Атлетик“.

dobivaj vesti na viber

Шпанскиот интернационалец Кукурелја беше поврзуван со трансфер во Манчестер сити, но сега на „Стемфорд Бриџ“ се сигурни дека 24-годишното засилување во одбраната ќе биде договорено наскоро. Сити јавно им порачаа на Брајтон дека немаат намера да дадат 50 милиони фунти за Кукурелја.

Челси се сигурни дека ќе ги победат и Манчестер јунајтед во трката за холандскиот плејмејкер на Барселона, Френки де Јонг, иако „ѓаволите“ повеќе месеци преговараат за негвиот трансфер.

Досега на „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа Калиду Кулибали од Наполи и Рахим Стерлинг од Манчестер сити, а траат и преговорите за Карни Чуквуемека о Астон вила и голманот Габриел Слонина од Чикаго фајр.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0