Утрински Весник
Економија

Царовска на координација со инспекторатите, синдикатите и граѓанските организации

Царовска на координација со инспекторатите, синдикатите и граѓанските организации

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска одржа редовна координација со претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, со директорите на неколку инспекторати, синдикални организации, како и преставници на граѓанските организации Гласен текстилец, Хелсиншки комитет, ХЕРА, Платформата за борба против сиромаштија, Мрежата против насилство врз жените и УНДП.

На состанокот, како што соопшти Кабинетот на Царовска, преку апликацијата „ЗУМ“ се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа.

При тоа беше констатирано дека Државниот трудов инспекторат има интензивна соработка со синдикатите и со граѓанските организации коишто работат на заштита на работничките права и постапува веднаш по поднесувањето на претставките. Состанокот беше искористен граѓанските организации да дадат свои предлози и сугестии коишто ќе помогнат во носењето на нови мерки за полесно справување со здравствено и социоекономската криза предизвикана од Ковид-19.

Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и компаниите, односно никој да не е губитник во оваа криза. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Од полноќ значително поевтини горива

Македонија станува сè попривлечна за странските туристи – што стои зад растот?