Утрински Весник
Спорт

Хет-трик на Санчо во убедливиот триумф на Борусија Дортмунд против Падерборн

Санчо ќе заработува по 6 милиони евра на сезона во Дортмунд

Падерборн, 31 мај 2020 (МИА) – Борусија Дортмунд вечерва го совлада Падерборн со 6:1 во натпревар од 29. коло на Германското фудбалско првенство.

Пола од головите за гостите, односно хет-трик отиде на сметката на Џејдон Санчо, а по еднаш погодија Торган Азар, Ашраф Хакими и Марсел Шмелцер. Стрелец за домаќините беше Уве Ханемајер.

По овој натпревар, Борусија со 60 бода го зазема второто место на табелата, зад лидерот Баерн кој има 67 бода.

Падерборн со 19 поени остана на последното 18. место.

На другиот денешен дуел, Борусија Менхенгладбах го победи Унион Берлин со 4:1. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи во последните неколку години

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога