Утрински Весник
Скопје

Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Viber image 2026 10 05 00 04 28 811.jpg

Во текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии –545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.


Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода” и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Можете да прочитате

Во Булачани, Раштак, Брњарци и Виниче водата била неисправна и небезбедна за пиење, а Општина Гази Баба не ги известила жителите

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизацијата, загадувањето, узурпацијата на јавниот простор и недомаќинското трошење пари