Утрински Весник
Македонија

Тестирано семејството на починатиот од Ковид-19 од Чаир

Нови 25 случаи на КОВИД-19, тројца починати

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано. Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

-Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кому посмртно бил дијагностициран Ковид-19, пишува Филипче.

Министерството за здравство вчера соопшти дека за овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информирал дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски наместо документ за водата во Гостивар, повторно има чувство велат од СДСМ

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност