Утрински Весник
Спорт

Хамилтон во Мерцедес и наредните три сезони за 120 милиони фунти

Хамилтон во Мерцедес и наредните три сезони за 120 милиони фунти
300x250 (7)

Британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон ита кон новата титула во „летечкиот циркуз“, а на дофат му е и постигнувањето на легендарниот Михаел Шумахер по бројот на шампионски титули.

Неговиот договор со тимот на Мерцедес истекува на крајот на сезоната, па откако се појави низа шпекулации за неговата иднина, се чини дека сега работите се избиструваат.

300x250 (7)

Реномираниот „Дејли Мејл“ пишува дека Луис Хамилтон веќе постигнал првичен договор со Мерцедес за да ја продолжат соработката за најмалку уште три сезони.

Вртоглава е сумата која се појавува како информација, а која би ја инкасирал актулениот Ф1 шампион. Наводно, тој би заработувал по 40 милиони фунти по сезона.

Британецот не го криеше задоволството од можноста да остане во Мерцедес, тимот во кој е неприкосновен изминатите години.

Тој денеска од пол-позицијата ќе стартува на тркат во Сочи и со триумф ќе го израмни рекордот на Шумахер од 91 победа на трките во Формула 1.

> Хамилтон во Мерцедес и наредните три сезони за 120 милиони фунти <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале